Португалија предводена од Кристиано Роналдо стигна до трофејот во првото издание од Лигата на Нации.
Португалците во финалето вчера ја победија Холандија со 1:0, додека во полуфиналето беа подобри од Швајцарија со 3:1. Во двата натпревари Роналдо беше одличен, посебно против Швајцарците кога постигна хет-трик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо така ја одведе Португалија до уште една титула после Европското првенство во 2016 година. Веднаш после ова започна и да се зборува за Златната топка за која најголем фаворит оваа година веројатно ќе биде Лионел Меси.
На прашањето за Златната топка после натпреварот Роналдо беше сосема искрен. Тој самиот си кажа дека во кариерата немал лоша сезона и потенцираше дека оваа година освоил три трофеи.
„Освои три трофеи оваа сеозна и бев добар како и секогаш. Во својата кариера никогаш не сум имал лоша сезона, а ниту оваа година не беше поинаку. Моите бројки во овие 16 години зборуваат сами за себе. Не знам дали ја заслужувам Златната топка тоа го оставам на оние кои треба да гласаат“, изјави Роналдо.