Дома Фудбал Англија Роналдо: Не сум дојден на одмор, тука сум да освојувам трофеи

Роналдо: Не сум дојден на одмор, тука сум да освојувам трофеи

Вчера Кристиано Роналдо за клупската страница на Манчестер Јунајтед го имаше првото интервју по враќањето на „Олд Трафорд“.

Португалецот одигра одлични шест сезони од 2003 до 2009 во Јунајтед во времето на Фергусон и тогаш Јунајтед важеше за еден од најдобрите тимови во светот. И денес со неговото доаѓање и неколку засилувања претходно, навивачите имаат големи очекувања од новата сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дојдов да освојувам трофеи, не сум тука на одмор. Повторно сум тука за да победувам, способен сум за такво нешто, а исто така и моите соиграчи. Ова е голема шанса за мене и навивачите да направиме чекор напред“, изјави Роналдо.

Манчестер Јунајтед утре пред натпреварот со Њукасл и официјално ќе го промовира Португалецот пред навивачите.

„Нормално е да бидам нервозен во сабота, меѓутоа сега имам големо искуство. Ќе направам притисок врз Оле да бидам стартер. Убаво се чувствувам што сум оповторно назад“, порача Португалецот.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл се игра утре од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…