Манчестер Јунајтед доби тежок удар пред гостувањето кај градскиот ривал Манчестер Сити.
Како што пренесуваат островските медиуми, Кристиано Роналдо не се појавил со тимот во карантин пред мечот со „граѓаните“ и ќе го пропушти денешното дерби.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Официјалната информација е дека Португалецот се уште не заздравил од повредата што ја заработи на дуелот со Ватфорд, но англиските медиуми тврдат дека има дрга позадина, односно дека тој не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник.
Дербито ќе го пропушти и Едисон Кавани поради повреда, па многу веројатно дека Маркус Рашфорд ќе игра како централен напаѓач.