Дома Фудбал Роналдо на роденденот откри уште колку години ќе игра

Роналдо на роденденот откри уште колку години ќе игра

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристиано Роналдо денес го слави 38-от роденден.

Пред два месеци Роналдо ја напушти Европа и се пресели во Ал-Наср, каде стана најплатен фудбалер во историјата.

„Ќе имам максимум уште две-три години и потоа ќе се повлечам. Тоа е планот, но никогаш не се знае. Животот е динамичен и често работите не излегуваат онака како што планирате. Никогаш не знаете што може да се случи“, рече Роналдо.

„Во Европа ги срушив сите рекорди и сега сакам да срушам неколку рекорди тука. Дојдов во Саудиска Арабија да играм, да победувам, да уживам“, додаде Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…