Дома Фудбал Италија Роналдо му предложи тренер на Јувентус и ги шокираше сите!

Роналдо му предложи тренер на Јувентус и ги шокираше сите!

Јувентус потврди дека следната сезона Масимилиано Алегри нема да го предводи тимот, па раководството веќе ја започна потрагата по новиот тренер.

Челниците на Јувентус решија да му се заблагодарат на Алегри за петгодишната соработка и да направат промена на кормилото.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако минатото лето во тимот пристигна Кристиано Роналдо главна цела беше трофејот во Лигата на шампиони, кој Алегри не успеа да го освои.

Веќе почна да се шпекулира со тоа кој би можел да биде нов тренер на Јувентус, а медиумите лецитираат со неколку имиња.

Италијанските медиуми објавија дека челниците на Јувентус побарале совет од Роналдо за нов тренер, но тој ги изненадил со одговорот. Наводно Португалецот предложил дека најдобро решение е да биде доведен Жозе Мурињо бидејќи е сигурен дека со него ќе ја освојат Лигата на шампиони.

Роналдо и Мурињо не беа во добри односи од времето кога двајцата беа во Реал Мадрид, но очигледно несогласувањата се позади нив.

Останува да видиме дали Јувентус е спремен да му ја исполни желбата на Роналдо, но навивачите сигурно ќе бидат против доаѓањето на „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…