Дома Фудбал Останато Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него!

Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него!

Денес излезе вториот дел од интервјуто на Кристиано Роналдо за португалската телевизија TVI.

Во него Роналдо зборува за односите со најголемиот конкурент Лео Меси, како и за неговиот сонародник Жоао Феликс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За односот со Меси, Роналдо изјави:

„Нема никаков сомнеж дека тој ме направи подобар играч, како и јас него. Конкуренцијата е добра и здрава, во фудбалот како и во секој друг спорт. Имам голем респект за кариерата на Лео Меси, тој дури и изрази жалење дека заминав од Примера. Тоа е бидејќи имавме ривалитет кој беше добар за двајцата. Имаме одличен професионален однос“, истакна Роналдо.

„Дали сум бил на вечера со Меси? Не, но би можеле да одиме на вечерта во иднина, зошто да не?“, одговори Португалецот.

Роналдо потоа истакна дека верува во неговиот сонародник Жоао Феликс

„Имам голема доверба во него. Тој е неверојатен играч кој располага со голем потенцијал, иако се уште има некои аспекти од играта кои треба да ги подобри. Како за Жоао, така и за Бернардо Силва верувам дека ќе направат одлични кариери“, заклучи Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…