Дома Фудбал Роналдо, Меси, Зидан, Немар, Кројф…Сите се прославија со своите финти, но нив ги измисли – Пеле!

Роналдо, Меси, Зидан, Немар, Кројф…Сите се прославија со своите финти, но нив ги измисли – Пеле!

Фудбалскиот од вчера се збогува со светската фудбалска легенда кој почина по долгата битка со ракот.

Ракот во последните четири месеци многу напредуваше и Пеле не успеа да ја добие најважната битка. Сите фудбалски ѕвезди, сегашни и поранешни се простуваат од Пеле, а тоа е само уште еден доказ за неговата големина.

Ќе слушнете многу од повозрасната генерација како зборуваат дека Пеле бил најдобриот фудбалер во историјата, додека неговите видеа сведочат и на помладите за каков фудбалски мајстор стануваше збор.

Пеле е единствениот фудбалер кој освоил три светски титули, но оние кои ја имале таа привилегија да го гледаат сигурно ќе го паметат по неговата магија со која играше.

На интернет е објавено и едно видео во кое може да се види дека Пеле ги има измислено сите финити и потези со кои подоцна се прославија Меси, Роналдо, Нејмар, Иниеста, Зидан, Кројф…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел лут пред Шпанија: Ми ги извртеа зборовите за расизмот!

Наместо дуелот во Мадрид, во фокусот се најдоа изјавите за расизмот. Тухел тврди дека е по…