Дома Фудбал Репрезентации Роналдо: Македонија изненади големи тимови, се надевам нема тоа да ни се случи и нас

Роналдо: Македонија изненади големи тимови, се надевам нема тоа да ни се случи и нас

Maкедонија утре ќе се соочи со против Португалија која ќе биде предводена од Кристијано Роналдо, пред утрешниот натпревар Роналдо порача дека не смеат да ја потценат Македонија.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед порача дека Португалија планира како и Македонија да го одигра „натпреварот на животот“, исто како и Македонија која во овој натпревар влегува со аутсајдерска улога.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Македонија влегува во овој натпревар самоуверена и полна со самодоверба, но ние сакаме да играме на Светско првенство и сме многу мотивирани. И за нас овој натпревар е меч на животот. Знаеме колку е важен. Македонија ја заслужува сета наша почит, станува збор за многу добро организиран тим, но ако ние сме највисоко ниво можеме да победиме секого“, изјави Роналдо.

И Роналдо е свесен дека Македонија изненади големи селекции како Германија и Италија, но се надева дека тоа нема да и се случи на неговата Португалија.

„Македонија не изненади на многу натпревари, но се надевам дека тоа нема да ни се случи на нас. Верувам во пласман на Светското првенство“, изјави Роналдо.

Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …