Кристиано Роналдо наводно е лут поради тоа што неговиот голем ривал Лионел Меси со одличен настап успеа да ја одведе Аргентина на Светското првенство во Русија.
И Кристиано Роналдо и Лионел Меси на крајот обезбедија настап на СП во Русија, но за разлика од Роналдо кој имаше неколку големи промашување, Меси го одлучи натпреварот против Еквадор со тоа што постигна хет-трик.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентина одигра навистина лошо во квалификациите и малку недостасуваше да остане без настап во Русија, но благодарение на Меси тоа не се случи. Меѓутоа, после неговата неговата брилијатна изведба, ѕвездата на Реал Мадрид наводно била лута бидејќи целото внимание бил насочено во спротивен правец.
„Отровни стрелки“ Роналдо испрати и кон фудбалерите на Еквадор кои ги обвинува дека немале баш премногу мотив за игра против Аргентина односно дека добар дел од нив воопшто не биле скоцнентрирани на натпреварот. Некои информации одат толку далеку и се тврди дека пет фудбалери на Еквадор се забавувале и пиеле алкохол вечерта пред натпреварот.
Како и да е едно е сигурно, Меси и Роналдо повторно ќе водат борба на најголемата сцена и ќе имаат мотивација што подалеку да ја однесат својата репрезентација.