Славниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима, познат како Роналдо, одлучи да купи уште еден клуб.
Роналдо, кој своевремено беше најдобар фудбалер на светот веќе некое време во своја сопственост има 51% дел во шпански Реал Ваљадолид, но наскоро купува уште еден клуб, и тоа во Португалија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот тоа го откри на конференцијата “Web Summit” која се оддржа во Лисабон.
„Барам клуб кој ќе го купам. На почетокот во фокусот ми беше Чемпионшип, но таму клубовите се многу скапи. Се свртев кон Португалија и се уште барам клуб во кој да вложам.“ – откри Роналдо.
Потоа објазни зошто искешира 30 милиони евра за Реал Ваљадолид.
„Барав тим со богата историја, а Реал Ваљадолид во текот на 90-тите години од постоењето долго играше во елитата. Сето тоа ми одговараше, од цената до фактот што е единствениот клуб во град од 300.000 луѓе, кој се наоѓа на еден час и 40 минути од Мадрид. Тоа беше одлична прилика.“
Како играч, Роналдо своевремено настапуваше за ПСВ, Барса, Интер, Милан, Реал…