Кристиано Роналдо се огласи и испрати порака преку Инстаграм после случувањата на мечот Јувентус – Милан.
Сари во 54-тата минута се одлучи на еден изненадувачки потег – го замени Роналдо. На местото на Португалецот Сари во игра го стави Паоло Дибала кој подоцна и го реши натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо веројатно и самиот не памети кога последен пат бил заменет во таа фаза (без самиот да побара). Измената секако не му се допадна, а тоа го покажа и пред камерите.
Португалецот не отиде на клупата за резерви туку се упати право во соблекувалната што секако е против правилата на клубот. Италијанските медиуми објавија дека Роналдо не само што порано отишол во соблекувалната, туку и го напуштил стадионот уште натпреварот пред да заврши.
И додека медиумите се во исчекување дали Јувентус ќе реагира и ќе ја казни својата најголема ѕвезда, Роналдо се огласи со порака преку Инстаграм.
„Тежок натпревар, важна победа“, напиша Роналдо.
Роналдо е од денес во Португалија каде и се приклучи на репрезентацијата за квалификациските натпревари.