Дома Фудбал Останато Роналдо и Меси одбиле иста понуда од Саудиска Арабија

Роналдо и Меси одбиле иста понуда од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија била спремна да плати милионска сума за промоција на земјата преку Кристиано Роналдо и Лионел Меси, но двете фудбалски ѕвезди ги одбиле милионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо добил понуда да биде главен лик во промоцијата на кампањата за туризмот во оваа земја. Според информациите на Португалецот му биле понудени шест милиони евра годишно, но тој ја одбил понудата.

Иста понуда добил и Лионел Меси, а за жалост на Саудијците и одговорот на Аргентинецот бил ист како на Роналдо.

Како што се наведува главната причина што Роналдо и Меси ја одбиле понудата е што не сакаат да имаат ништо со земја која многу често е критикувана за кршење на најосновните човекови права.

Сега луѓето од Саудиска Арабија сигурно ќе се обидат да пронајдат нова ѕвезда, а се шпекулира дека следен кој ќе добие или можеби веќе добил понуда е Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…