Шпанската „Марка“ го избраа најлошиот тим на Европското првенство кое завршува вечерва со финалето помеѓу Шпанија и Англија.
Тимот е составен од фудбалери од кои многу се очекуваше, но не ги оправдаа очекувањата и одиграа под просечно на ЕП.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалската ѕвезда Роналдо го предводи тимот во кој во нападот се уште и Ромелу Лукаку и Душан Влаховиќ.
Најлош голман според „Марка“ е Хрватот Ливаковиќ, покрај Ди Лоренцо и Манчини, друштво во одбраната му прават Зинченко и Кристенсен.
МекГин и Собослаи се придружници на Милинковиќ Савиќ во најлошиот среден ред.
По двајца претставници во овој тим имаат Италија и Србија, а по еден претставник селекциите на: Португалија, Белгија, Унгарија, Шкотска, Украина, Данска и Хрватска.