Дома Фудбал Останато Роналдо испрати емотивна порака до Марсело

Роналдо испрати емотивна порака до Марсело

Бразилскиот дефанзивец Марсело се прости од Реал Мадрид по 15 години играње за кралскиот клуб.

Бразилецот пристигна во Реал Мадрид зимата 2007 година, по трансферот од Флуминезе, а заедно со „кралевите“ Марсело испиша историја откако освои пет трофеи во Лигата на шампионите, шест титули во Ла Лига и многу други трофеи со кои стана најтрофејниот. играч во клупската историја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пораки за Марсело испратија бројни актуелни ѕвезди на Реал Мадрид, но и легендарни фудбалери кои настапуваа за клубот од шпанската престолнина.

Еден оод нив беше и поранешниот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Португалецот ја делеше соблекувална со Марсело во периодот од 2009 до 2018 година.

„Повеќе од соиграч, брат кој ми го подари фудбалот. На теренот и надвор од теренот, еден од најголемите фудбалери со кои сум имал прилика да ја делам соблекувалната. Среќно во новата авантура“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…