Кристијано Роналдо постигна гол во натпреварот против Гана и така уште еднаш испиша историја.
Роналдо постигна гол од пенал во 65. минута од пенал и стана единствениот играч кој постигнал гол на пет Мундијали во низа. Неверојатната низа Роналдо ја започна во 2006 година со голот на Светското првенство во Германија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На тој Мундијал во Германија Роналдо постигна гол против Иран, во 2010 година стрелаше против Северна Кореја, во 2014 како и денес ја затресе мрежата на Гана, додека во Русија во 2018 на Шпанија и даде хет-трик.
Cristiano Ronaldo has now scored in EVERY international tournament he has played in 🔥🐐pic.twitter.com/bEsSl7YeHJ
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) November 24, 2022