Дома Видео Роналдо изгуби во дербито, па шутираше шишиња 🎥

Роналдо изгуби во дербито, па шутираше шишиња 🎥

Кристијано Роналдо вчера беше поразен со својот Ал Наср во дербито против Ал Атихад кој до победата стигна со голот на Ромарињо во 80-тата минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со овој триумф Ал Итихад го презема врвот на табелата со 47 бода, Ал Наср има бод помалку. Домашните навивачи од почетокот го провоцираа Роналдо скандирајќи од трибините „Меси, Меси Меси…“.

По натпреварот Португалецот не можеше да го сокрие емоциите и очигледно поразот од големиот ривал тешко му падна.

Од доаѓањето во првенството во Саудиска Арабија Роналдо има осум гола и две асистенции, додека во купот не се запиша во листата на стрелци, а неговата екипа доживеа елиминација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шок: Судиите му ја „украле“ титулата на Манчестер сити во Премиер лигата

Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата и стави крај на долгото чекање за шампионскиот…