„Дон Балон“ повторно пренесува ексклузива.
Според информациите на реномираниот шпански магазин, Кристиано Роналдо инсистира раководството на Реал Мадрид да го доведе Маркус Рашфорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот наводно токму во 19 годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед го гледа својот наследник и верува дека би бил полн погодок за „кралевите“.
Рашфорд е „дете“ на „црвените ѓаволи“, десет години помина во младинскиот погон на клубот после што дебитираше за првиот тим.
Тој минатата година стана и сениорски репрезентативец на Англија.