Португалецот привлече големо внимание со својот нов изглед.
Кристиано Роналдо фантастично го започна Мундијалот во Русија во првото коло постигна хет-трик и донесе бод на Португалија, додека денес со голот против Мароко беше најзаслужен за освоените три бода на Португалците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако денот по утрото се познава ова ќе биде фантастичен Мундијал за ѕвездата на Реал Мадрид.
Покрај одличните настапи, Роналдо внимание привлече и со својот необичен изглед.
Имено, тој на Мундијалот се појави со „брадичка“ (goatee – на англиски), а после прославата на голот против Шпанија на сите сакаше да им стави до знаење дека е најдобар на сите времиња.
Зборот „goat“ што во превод значи „јарец“, но често се користи како синоним за најдобар во светот поради буквите кои ги содржи
G – Greatest
O – Of
A – Allга
T – Time
Португалецот сепак ја разреши дилемата и после натпреварот против Мароко откри дека во прашање е само шега со Кварезма.
„Оваа брадичка? Тоа е само шега која ја имав со Кварезма. Бевме во сауната и започнав да се бричам, оставив брадичка и му кажав ако постигнам гол ја оставам до крајот на турнирот. На крајот ми донесе среќа, постигнав гол тогаш, постигнав и денес, па така сигурно останува“, изјави Роналдо.