Дома Фудбал Роналдо е фудбалерот кој најмногу пати бил во офсајд на Европското првенство

Роналдо е фудбалерот кој најмногу пати бил во офсајд на Европското првенство

Кристијано Роналдо од редовите на Португалија е фудбалерот кој најмногу пати бил во офсајд во групната фаза на Европското првенство.

Португалецот бил пет пати „фатен“ во недозволена позиција, а зад него следи напаѓачот на Унгарија кој имаше страшен судир Барнабас Варга (четири пати). Со по три офсајди на третото место се тројца фудбалери: Ромелу Лукаку од Белгија, Довбик од Украина и Хојлунд од Данска.

Групната фаза Португалија ја заврши како првопласирана и во осминафиналето ќе се соочи со Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Талески ја реши драмата на „Кукуш“, Македонија У19 заврши со победа

Македонските младинци ја совладаа Малта со 3-2, со решавачки погодок на Габриел Талески во…