Дома Фудбал Останато Роналдо до свој фан: Зарем немаш дрес од Јувентус? (ВИДЕО)

Роналдо до свој фан: Зарем немаш дрес од Јувентус? (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо секако е најголемата ѕвезда во репрезентацијата на Португалија и кога игра оваа селекција тој секогаш е во центарот на вниманието.

Португалците сега ги очекува натпревар против Србија, а пред оваа средба денешната ѕвезда на Јувентус се најде во една необична ситуација која беше забележана од камерите.

Роналдо беше расположен за дружење со фановите со кои се фотографираше и им потпишуваше дресови, меѓутоа во таа ситуација се појави еден фан со негов дрес, но од Реал Мадрид. Коментарот на Роналдо брзо стана хит на социјалните мрежи.

„Сега сум во Јувентус, зарем немаш дрес од Јуве?“, му порача Роналдо на фанот, на кој сепак му ја исполни желбата и го стави својот потпис.

https://youtu.be/lf54gqwtvYc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Един Џеко се простува од репрезентацијата на БиХ против Шведска

Един Џеко го игра својот последен натпревар за БиХ против Шведска во Лигата на нации. …