Дома Фудбал Англија Роналдо до организаторите на „Златната топка“: Се е лага! Јас ве почитувам, вие мене не

Роналдо до организаторите на „Златната топка“: Се е лага! Јас ве почитувам, вие мене не

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо се огласи непосредно пред церемонијата за доделување на „Златната топка“.

Португалецот очигледно име нешто против организаторот „Франс Фудбал“. Роналдо оваа година секако не е меѓу фаворитите, но не му се допаѓа репутацијата на егоист, како што го претстави главниот уредник на весникот во својата изјава.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Денешниот избор само ја објаснува изјавата на Паскал Фере кога рече дека е убеден дека мојата единствена цел е да ја завршам кариерата со повеќе Златни топки од Лео Меси. Тој лажеше и го користеше моето име за да се промовира себе и весникот во кој работи. Неприфатливо е личноста задолжена за доделување на најпрестижната награда за лаже на тој начин и тоа е непочитување кон мене“.

„Секогаш сум спремен да им честитам на победниците во духот на фер-плејот, бидејчи така сум воспитуван. Победувам поради себе и поради оние кои ме сакаат. Не се борам против никого. Мојот фокус сега е да постигнам успеси со Манчестер Јунајтед, за себе, за клубот и за навивачите. Се останато и онака е неважно“, истакна Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…