Кристијано Роналдо овие денови е во центарот на вниманието поради интервјуто кај новинарот Пирс Морган од кое досега беа објавени неколку исечоци и првиот дел, вториот и последен ќе биде објавен вечерва.
Во меѓувреме Роналдо доби покана од првиот човек на австралиската А-лига Дени Таусенд кој отворено го повика Португалецот и му порача дека ќе биде пречекан со големо задоволство и почит.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Роналдо кажа дека не добива доволно љубов и почит од Манчестер Јунајтед, сигурен сум дека тоа можеме да му го дадеме тука. Можеби не можеме да се натпреваруваме финансиските со другите понуди, но секако дека друго имаме што да понудиме“, изјави Таусенд.
Никој не очекува после таквото интервју Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед и веќе се поврзува со разни клубови, па ќе биде вистинско чудо доколку и после јануари го носи дресот на „црвените ѓаволи“.