Дома Фудбал Роналдо го прослави победничкиот гол исмевајќи ги чешките фудбалери

Роналдо го прослави победничкиот гол исмевајќи ги чешките фудбалери

Португалија драматично ја совлада Чешка со 2:1 во првото коло од групната фаза на ЕП. За големо славје, Франциско Консеисао погоди во втората минута од судиското надополнување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, заслуженото еуфорично славје на Португалците, кои доминацијата ја претворија во победнички гол, им ја расипа капитенот.

Јасно се виде дека Кристијано Роналдо (39) го прославува голот со гестикулација со стисната тупаница кон лицето на чешкиот голман Станек, додека овој во очај седеше на тревата.

Прославата на голот на Роналдо со исмејување на противниците предизвика бура од реакции кај фудбалските фанови на социјалните мрежи. Ова се дел од коментарите за неговите неспортски потези:

„Што му треба? Изгледа ужасно.

Нема стил ниту срам“.

„Никогаш нема да видите дека Меси прави такво нешто“.

„Ова е причината зошто никогаш не го сакав“.

Тој е најлошиот спортист“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и ги намалија своите шанси за понатамошно квалификување

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и завршија 1:1 во нивниот втор натпревар во …