Дома Фудбал Останато Роналдо го напуштил Торино за да биде покрај неговата мајка

Роналдо го напуштил Торино за да биде покрај неговата мајка

Утрово медиумите од Португалија објавија дека мајката на Кристиано Роналдо бил хоспитализирана и итно оперирана после добиен мозочен удар.

Мајката на Роналдо во болницата била примена во 5 часот утрово. Роналдо веднаш се упатил со приватен лет за Португалија за да биде покрај неговата мајка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долорес Авеиро во овие моменти е на интезивна нега нега во болницата „Нелио Мендоса“ во Фуншал. Според информациите таа е во свесна состојба и надвор од животна опасност, сепак мора да биде под надозор на докторите во следните часови.

Роналдо се очекува да пристигне од околу 16 часот. Засега не е познато дали ќе се врати во Италија бидејќи утре Јувентус го очекува натпревар од Купот на Италија против Милан. Не е потврдено, но се шпекулира дека тој веќе закажал лет утре наутро од Мадеира за Торино со цел навреме да пристигне за натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…