Дома Фудбал Роналдо вчера на полувремето влегол во соблекувалната на Реал

Роналдо вчера на полувремето влегол во соблекувалната на Реал

Вчера во рамките од Ла Лига беше одиграно ново „Ел Класико“ кое на крајот го доби Реал Мадрид со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Винисиус во 71. минута и Маријано Диаз во завршницата од натпреварот. Винисиус голот го прослави Роналдо кој овој натпревар го следеше од трибините.

Винисиус после натпреварот откри и дека така славел затоа што Роналдо на полувремето влегол во нивната соблекувална да им искаже поддршка.

„Роналдо на полувреме дојде во соблекувалната да не поддржи. Токму поради голот го славев како него. Тој е победник и на теренот и надвор од него“, изјави младиот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…