Кристиано Роналдо во вечерашниот натпревар против Јувентус ќе има и мотив повеќе…
Португалецот секако ќе биде во тимот на Реал кој ги брани големите 0:3 од првиот натпревар. Роналдо ќе се обиде да го сруши сопствениот рекорд, но доколку вечерва погоди ќе биде осамен на првите три места кога во прашање се головите во една сезона во Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, во сезоната 2013-2014 постигна 17 погодоци, две години подоцна 15, оваа сезона 14 колку што постигна Меси пред седум години и Алтафини за Милан уште во 1963 година.
Со нов гол во мрежата на Буфон Роналдо би застанал на првите три позиции по бројот на голови една сезона и ќе го продолжи патот кон соборување на сопствениот рекорд од 2014.