Дома Фудбал Англија Роналдо: Веруваме дека ќе освојуваме трофеи со Тен Хаг

Роналдо: Веруваме дека ќе освојуваме трофеи со Тен Хаг

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека сите играчи на „црвените ѓаволи“ со нетрпение чекаат да почнат да работат со Ерик тен Хаг.

Според Португалецот, на новиот менаџер мора да му се даде време, но сепак верува дека тимот следната сезона ќе се бори за трофеи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Знам дека заврши одлична работа во Ајакс и е искусен тренер, но мораме да му дадеме време. Работите мора да се сменат како што тој сака. Секако, се надевам дека ќе биде успешен. Затоа што ако успее, ќе успее цел Манчестер. Затоа му посакувам се најдобро. Сите сме среќни и возбудени. Не само играчите, туку и навивачите на тимот. Да веруваме дека следната сезона ќе освојуваме трофеи“.

„Новата генерација ќе биде иднината на клубот. Јас сум за да се даде шанса на помладата генерација. Доколку децата ме прашаат за совет, ќе им дадам затоа што сакам да помогнам“, изјави Роналдо на веб-страницата на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …