Дома Фудбал Останато Роналдо: Велат дека сум готов, но цело време докажувам дека не е така

Роналдо: Велат дека сум готов, но цело време докажувам дека не е така

Трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср од Саудиска Арабија привлече големо внимание кај јавноста, а некои дури и го отпишаа Португалецот кога е во прашање неговиот конкретен настап на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вистината сепак е многу поинаква, барем кога се прашува Португалецот.

Поранешниот ас на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед минатата полусезона ја заврши со 14 гола на 19 настапи, а во досегашниот дел од сезоната има постигнато 15 гола на 14 натпревари.

Последните два вчера против Ал Ахли, па по оваа средба одлучи да им одговори на критичарите.

“Велат дека Роналдо е „готов“ но тоа не е вистина. Ќе продолжам да играм додека нозете не ми кажат “Кристијано, завршивме”. Се уште имам голема желба да играм и да тренирам, да постигнувам голови. Пред се да победувам. Констатно докажувам дека можам уште да играм“, изјави Роналдо.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ се уште е во одлична форма иако има 39 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус направил естетска операција, навивачите се шокирани од новиот изглед (Видео)

По завршувањето на Светското фудбалско првенство и поразот на Бразил од Норвешка, Винисиус…