Дома Фудбал Останато Роналдо: Барселона не ме ценеше, после нашата генерација фудбалот стана бизнис

Роналдо: Барселона не ме ценеше, после нашата генерација фудбалот стана бизнис

Луис Назарио де Лима Роналдо во сезоната 1996/97 играше за Барселона и за една година постигна 47 голови на 49 натпревар. Таа сезона со Барселона го освои кралскиот куп, Суперкупот и Купот на победниците на куповите.

Кога се очекуваше да остане во клубот и да го продолжи договорот, Роналдо си замина. Како 21 годишник потпиша за Интер во за тоа време рекорден трансфер од 27 милиони долари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„На крајот на таа сезона потпишав нов договор со Барселона и отидов на репрезентативен собир. Пет дена подоцна ме повикаа од клубот и ми кажаа дека не можат да го финализираат договорот. Сакав да останм, но работите не беа во мои раце бидејќи очигледно клубот не ме ценеше колку што вредам“, се потсети Роналдо за италијанскиот ДАЗН.

Во Интер стана најдобар фудбалер во светот. Во 2002 година премина во Реал и играше со Зидан, Фиго, Карлос и Бекам.

„Роберто Карлос во репрезентацијата цело време зборуваше за Мадрид и големината на Реал. Подоцна посакав самиот да се уверам во тоа што го зборува. Дојдов во Реал и видов дека клубот е уште поголем од она што Карлос го претставуваше. Неверојатно искуство, но и голем притисок. Најдобрите играчи во светот – Галактикосите. После нас фудбалот стана бизнис, денес повеќе се заработува и играчите подобро се продаваат. Започна нова ера“, смета Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …