Дома Фудбал Роналдовата „епидемија“ се пресели во Каталонија: Меси по својот најголем ривал, најави заминување од Барса?!

Роналдовата „епидемија“ се пресели во Каталонија: Меси по својот најголем ривал, најави заминување од Барса?!

Јасно е поради што Роналдо го кажа она што го кажа синоќа по финалето, но е јасно дека и тој и Меси со своите изјави им создаваат проблеми на клубовите.

И натаму сите зборуваат за истапувањето на Роналдо по финалето кога ги искомплицира работите со најавувањето на заминување од клубот. Сите го критикуваа, дури и мадридските медиумите дека не било ниту време ниту место, а клубот молчи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Роналдо потоа во микс зоната ја спушти топката на земја, но остана горкиот вкус.

Поради што ова го прави?

Во Шпанија велат дека ова е порака до Перез и речиси одмазда, бидејќи клубот го излажа за новиот договор, т.е. за зголемувањето на приходите.

Тој изминатото лето по триумфот во Кардиф бараше зголемување на платата, како што беше пренесено на неговите пријатели, тие ги открија преговорите, а потоа изминатата зима кога играше полошо немаше преговори воопшто.

„Никој не е поголем од клубот“, истакна Перез, Роналдо има договор до 2021. година, но заработува многу помалку од Нејмар и Меси, нешто повеќе од 20 милиони евра. Аргентинецот речиси е двојно повеќе платен, а Нејмар заработува 35 милиони.

Но, денес во медиумите се појави информација дека и Меси е незадоволен, не со парите, туку со напорите на Барселона да се засили екипата. Тој смета дека Гризман не е доволен, дека Реал е далеку напред, што покажуваат и трите во низа титули во Лигата на шампионите.

Меси е долго без „Златната топка“, единствена шанса да ја освои е триумф на Аргентина на Мундијалот. Ако тоа не се случи, Роналдо ќе има предност, а единствено може да го загрози Нејмар во случај Бразил да ја освои титулата, или можеби Гризман, ако Французите станат светски шампиони.

Во секој случај, ова се само гласини, тешко е да се очекува заминување на Меси и Роналдо, но дека многу работи во Барселона и Реал зависат од нив двајца, поголем доказ и не треба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…