Дома Фудбал Роналдињо на полицијата и дал бизарно оправдување за лажниот пасош

Роналдињо на полицијата и дал бизарно оправдување за лажниот пасош

Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилската репрезентација и неговиот брат Роберто Асис беа уапсени во Парагвај бидејќи во земјата влегле со лажни пасоши.

Роналдињо подоцна доби шанса да ја каже својата страна на приказната и тврди дека тој и неговиот брат се измамени.

Славниот фудбалер на полицијата и се правдал дека пасошот бил поклон од луѓето кои го довеле во земјата, а помеѓу нив бил и бизнисменот Соуса Лира.

Полицијата сега ќе истражува, а потоа ќе биде донесена одлука за понатамошната постапка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер под притисок во Ротердам: Тирам и Еспозито во нападот без Лаутаро

По два пораза во првите три кола, Интер бара победа против Феенорд. Повредите и суспензија…