Дома Фудбал Роналдињо: И помалку да се забавував немаше да имам подобра кариера

Роналдињо: И помалку да се забавував немаше да имам подобра кариера

Бразилецот Роналдињо важи за еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле, а тој тврди дека не би се променило многу во неговата кариера ако излегувал помалку.

Роналдињо беше почесен гостин на натпреварот на „Паркот на принцовите“ кога ПСЖ играше против Лајпциг. Тука се сретна со Меси со кого ја делеше соблекувалната во Барселона, но и со Нејмар со кого заедно настапуваше за бразилската репрезентација.

„Беше убаво да се видам со двајцата. Сите во Бразил знаат колку вреди Нејмар“, прокоментира Роналдињо па зборуваше за Меси.

„Со неговите квалитети се запознав во Барселона. Не мислев дека некогаш ќе игра за ПСЖ. Мислам дека овој тим на ПСЖ може до титулата во Лигата на шампионите. Кога во тимот иматте такви играчи нормално дека ќе мислите на големи работи“.

Потоа Роналдињо доби прашање дали смета дека би изградил подобра кариера ако помалку излегувал и се забавувал.

„Не жалам за тоа што сум го правел во минатото и мислам дека не би имал поголема кариера ако помалку се забавував“, смета добитникот на „Златната топка“ од 2005 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…