Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, легендарниот Бразилец Роналдињо, падна на најниско ниво во 2020 година кога заврши во парагвајски затвор поради користење лажен пасош.
Извесно време помина зад решетки и Бразилецот не сака премногу јавно да зборува за тоа, но сега откри една анегдота од затворските денови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот ас призна дека имал посебен третман.
„Влегов во затворот убеден дека ќе ме тепаат секој ден и ќе ги прават сите оние страшни работи што вообичаено ги прават во затворите“, изјави Роналдињо и додаде:
“Меѓутоа, наместо тоа, затворениците веднаш ги повикаа чуварите. Тие побараа топка за да им покажам трикови и да ги забавувам. Веќе следното утро игравме пет на пет против чуварите”, откри славниот фудбалер.
Роналдињо доминираше во затворот, неговиот тим беше непоразен на тие натпревари, а на еден турнир како главна награда освои и печено прасе.