Легендарниот Роналдо своите најдобри денови ги помина играјќи во дресот на Барслона, а уште тогаш се најавуваше дека Меси кој во тоа време беше на почетокот на својата авантура може да го надмина.
Тоа и се случи Меси е сопственик на пет Златни топки, додека бразилскиот „волшебник“ остана на една, онаа од 2005 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Роналдињо зборуваше за тоа кој во иднина би можел да прерасне во голем играч.
Роналдињо смета дека неговиот сонародник Винисус Жуниор може да го исполни големиот потенцијал кој несомнено го поседува.
„Веќе игра во еден од најдобрите светски клубови. Мислам дека наскоро ќе стане еден од најдобрите во светот“, изјави 39 годишниот Роналдињо.
Винисус Жуниор во Реал пристигна од бразилски Фламенго во 2018 година за сума од 46 милиони евра и почна сериозно да се наметнува минатата сезона кај Јулијен Лопетеги и Сантијаго Солари.