Дома Трансфер зона Ромелу Лукаку призна дека сака трансфер во Серија А!

Ромелу Лукаку призна дека сака трансфер во Серија А!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и белгиски репрезентативец, Ромелу Лукаку призна дека во иднина сака да игра во италијанската Серија А.

Братот на Лукаку, Џордан игра во Лацио, а Ромелу за „Газета дело Спорт“ призна дека и тој се надева дека еден ден ќе заигра во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Би сакал да играм во Серија А. Зошто да не? Се надевам дека еден ден ќе се случи тоа“, изјави Лукаку и особено го пофали Јувентус.

„Јуве има фантастичен прокет и секоја година е се посилен. Без сомнеж се еден од трите најдобри тимови во Европа. Имаат одличен тренер и фантастични играчи на секоја позиција. Роналдо се издвојува, но Дибала е одличен, а Даглас Коста го обожавам. Се надевам дека ќе го победиме Јуве во Лигата на шампиони“, истакна Белгиецот.

Лукаку со својот Манчестер Јунајтед наредното коло во Лигата на шампиони ќе игра токму против Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…