Бразилскиот интернационалец е санкциониран бидејќи направи голема грешка.
Имено, се работи за Бруно Перес кој синоќа возел низ улиците на Рим во алкохолизирана состојба, предизвикал несреќа во која настрада само неговото скапо ламбурџини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На алкотестот се покажале повеќе од 2 промили алкохол, во превод, не знаел ниту каде се наоѓа од што бил алкохолизиран.
Управата на „Волчицата“ во договор со тренерот Ди Франческо донесе одлука да го казни такашто нема да може да тренира со остатокот на екипата и да не биде во тимот за следниот меч против Беневенто.
Покрај тоа, ќе мора да плати и глоба од 800 евра.