Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е блиску до ангажирање на ѕвездата на ПСЖ, Хавиер Пасторе.
„Волчицата“ е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а сега е на чекор до ново големо засилување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пасторе сака да си замине од ПСЖ, а и францускиот тим е принуден да го продаде поради финансискиот фер плеј и двата клуба се блиску до договор.
Аргентинецот сака да се врати во Серија А и наводно веќе прифатил помала плата, па останува да се договорат уште последните детали.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ за потписот на Пасторе ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.
Пасторе доаѓа на „Олимпико“ како замена за Наинголан кој е пред трансфер во Интер.