Дома Трансфер зона Рома сака да се ослободи од Џеко: „Волчицата“ предложила размена на ПСЖ?

Рома сака да се ослободи од Џеко: „Волчицата“ предложила размена на ПСЖ?

Од утрово во италијанските медиуми многу се пишува за голема расправија помеѓу Пауло Фонсека и Един Џеко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома денес ќе игра против Специја во рамките од Серија А, а Фонсека вчета потврди дека Џеко нема да биде ниту на клупата за овој натпревар. Официјалните информации се дека има проблем со повреда, но изгледа не е така.

Најголемите италијански медиуми од утрово на големо пишуваат дека Џеко има проблем со Фонсека. До крајот на преодниот рок има уште осум дена и изгледа дека ќе се бара начин Џеко да ја промени средината.

„Тутоспорт“ дури и објави дека Рома е во е контакт со ПСЖ, наводно тие го понудиле Џеко во замена за шестмесечна позајмица на Мауро Икарди. Сепак, изгледа во ПСЖ не се заинтересирани за ваков вид на договор.

Што и да се случува ќе дознаеме брзо затоа што како што споменавме до крајот на преодниот рок има само уште осум дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…