Екипата на Рома според италијанските медиуми е блиску до доведување на полскиот напаѓач од Наполи, Аркадиуш Милик.
Наводно Рома и Наполи се многу блиску до комплетирање на зделката во која Милик би ја засилил Рома, а Наполи би го добил Ченгиз Ундер и 15 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доаѓањето на Милик во Рома може да значи дека Един Џеко ќе го напушти клубот. Босанскиот напаѓач претходно се поврзуваше со Интер и Јувентус.
Милик исто така се поврзуваше со Јувентус, но тоа беше додека Сари беше во клубот, со доаѓањето на Пирло работите се променија.
Ќе видиме дали овој трансфер ќе се реализира, меѓутоа доколку се случи би можеле да видиме размена на напаѓачи на неколу италијански тима.