Осогово од Кочани е тим на денот според официјалниот „Твитер“ профил на италијанскиот гигант Рома.
Англиската верзија на профилот на Твитер на Рома често објавува иронични и шеговите статуси, но и секојдневно бира „тим на денот“, а денес изборот падна токму на македонскиот третолигаш Осогово.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига до својот 100-ти роденден“.
#ASRoma’s Twitter Team of the Day is @gfkosogovo, a 3rd division club from Macedonia. Founded in 1924, the club hails from Kocani, a city of just 35,000. One of the most active clubs on Twitter in Macedonia, GFK Osogovo aim to be playing in Division 1 by the time they turn 100 ?? pic.twitter.com/vcJRF4xbdo
— AS Roma English (@ASRomaEN) March 13, 2019
Ова секако е голема чест и промоција за Осогово, кој на одличен начин ги користи социјалните мрежи и промоцијата преку нив.
Иако е третолигаш, клубот од Кочани дефинитивно е најактивен на социјалните мрежи и има голем број на следбеници, па може да им биде пример на многу поголеми клубови во Макединија.
За тоа колку македонските клубови посветуваат внимание на социјалните мрежи и кој, колку следбеници има може да прочитате ОВДЕ.