Дома Фудбал Лига на шампиони Рома му оддржа лекција на Челзи, ПСЖ броеше до пет против Андрлехт (Видео)

Рома му оддржа лекција на Челзи, ПСЖ броеше до пет против Андрлехт (Видео)

Во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите, следеа доста изненадувања.

Имено, пред се, во првиот меч, Рома му оддржа лекција на Челзи, славејќи на „Олимпико“ со 3:0. Ел Шарави го отвори мечот во првата минута, а веќе во 36. минута го зголеми водството. Конечниот резултат го постави Пероти во 63. минута од мечот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Азербеџански Карабах се чини е најголемото изненадување оваа сезона.На Атлетико повторно му нанесе стрес, откако поведе во 40. минута преку Мичел. Сепак со еврогол, Томас ги врати „Јорганџиите“ во живот со погодок во 56. минута, иако беа на работ да бидат елиминирани уште вечерва.

ЦСКА Москва славеше на гости кај Базел со 1:2, а Баерн ја оправда фаворитската улога против Селтик на гости, поставувајќи конечен резултат од 1:2. Олимпијакос и Барселона во Атина вечерва одиграа без погодоци.

Интересно беше и на „Олд Трафорд“. Имено, Марсијал промаши пенал, од голманот кој сезонава е најголемо изненадување. И она што е исто така интересно истиот голман, вообичаено станува и херој и трагичар на дуелите на португалскиот стратег. Свилар постигна автогол, по што ги донесе во водство „Црвените ѓаволи“ во 45. минута. Конечните 2:0 ги постави Блинд преку пенал во 78. минута.

ПСЖ очекувано броеше до 5 против Андрлехт.Погодоците за „Светците“ ги постигнаа Верати во 30., Нејмар во 49. минута, односно во судиското дополнение по првиот дел. Во второто полувреме со хет-трик ја потврди доминацијата Куразва, вечерва за Парижаните.

Јувентус во последниот меч, лесно можеше да остане изненаден, откако Спортинг поведе во 20. минута преку Цесар. Изедначување за „Старата дама“ донесе Игуаин во 79. минута, што подоцна се постави и како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…