Раководството на Рома се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта, Брајан Кристанте, пренесуваат италијанските медиуми.
Играчот за врска игра фантастично оваа сезона, ги привлече вниманието на најголемите клубови и заработи повик во италијанската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Рома, Мончи веќе стапил во контакт со агентот на Кристанте, но италијанските медиуми тврдат дека фаворит за неговиот потпис е Јувентус.
„Бјанконерите“ подолго време го следат фудбалерот и имаат одлично односи со Аталанта, каде моментално имаат три свои фудбалери, Спинацола, Калдара и Орсолини.
Сепак, Рома нема да се откаже лесно и ќе направи се за да го донесе Кристанте на „Олимпико“ следното лето.