Рома постигна договор со дефанзивецот на Ајнтрахт, Еван Ндика, потврди „Кориере дело Спорт“.
22-годишниот Ндика игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и ќе замине како слободен агент, а за неговиот потпис интерес покажаа неколку европски клубови.
Последните информации се дека Рома ја победила конкуренцијата и постигнала договор со неговиот агент за 4-годишна соработка.
Трансферот ќе биде официјализиран веднаш по завршување на сезоната, кога Ндика ќе стави потпис на договорот.