Раководството на Рома покажува сериозен интерес и спрема понуда за новиот „бисер“ на Ајакс, Френки де Јонг.
20-годишниот Де Јонг е играч за врска кој може да игра и како централен дефанзивец, а оваа година блесна во дресот на Ајакс и има 8 асистенции во 20 натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Спортскиот директор на „волчицата“, Мончи веќе подолго време го следи младиот фудбалер и смета дека би бил одлично засилување за италијанскиот клуб.
Во татковината уште во споредуваат со Франк Рајкард, а Рома е спремна за него да понуди 10 милиони евра.
Прашање е дали Ајакс ќе се задоволи со толкава сума со оглед на фактот дека Де Јонг има договор до 2022 година со клубот од Амстердам.