Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли откри дека добил многу понуди, особено од Премиер лигата, но тој не размислува да го напушти „Сан Сиро“.
Ромањоли е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и ова лето го продолжи договорот со Милан, а по заминувањето на Бонучи беше именуван за капитен на „росонерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Милан е мојата судбина. Моето деби во Серија А беше токму против Милан. Моето продолжување на договорот беше логично решение бидејќи сум многу задоволен во клубот. Вистина е дека имав многу понуди, особено од Премиер лигата, но Милан е мојот дом и сакам да останам овде многу години“, изјави Ромањоли.
„Оваа година сме посилни од претходните, наскоро Милан ќе биде на своето ниво и ќе се бориме за важни трофеи. Оваа сезона целта е да се вратиме во ЛШ и верувам дека сме на добар пат. Гатузо е фантастичен тренер и секој од нас е спремен да се бори до смрт за него“, додаде младиот дефанзивец.
Alessio Romagnoli feels “at home” at #ACMilan, and wants to play in the #UCL “as soon as possible”. https://t.co/vigti1EH1g pic.twitter.com/sEJ9oP4XCW
— footballitalia (@footballitalia) October 17, 2018