Сопственикот на Челзи, рускиот олигарх Роман Абрамовиќ добил забрана за престој во Велика Британија после руската воена офанзива над Украина, пренесуваат медиумите на Островот.
Абрамович во претходните години беше на Суд затоа што не смееше да влезе на територијата на која се наоѓа неговиот тим Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред една година беше решено Абрамович да добие виза, но ситуацијата се искомплицира дополнително по рускиот напад врз Украина.
„Дејли Мејл“ објави дека Велика Британија повторно забрани влез на Абрамович во државата, поради тоа што тој соработувал со претседателот Владимир Путин.
Медиумите тврдат дека Абрамович повеќе никогаш нема да може да живее во Лондон. Според овие извори, тој неколку месеци не бил на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи знаел што се подготвува.
Chelsea owner Roman Abramovich 'has been effectively BARRED from living in Britain' https://t.co/EIHoj412Dg
— MailOnline Sport (@MailSport) February 24, 2022