Едвард Јорданеску реши да ја напушти селекторската функција на романската фудбалска репрезентација
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јорданеску чиј договор истекува на крајот на јули, решил да направи пауза во кариерата и во наредниот период да му се посвети на семејството.
Тој реши да ја напушти функцијата иако успеа да ја пласира селекцијата во осминафиналето на ЕВРО 2024, објави Романската фудбалска федерација.
Јорданеску ја водеше Романија од почетокот на 2022 година и на 28 натпревари оствари учинок од десет победи, десет нерешени и осум порази.