Според пишувањата на реномираните шапански медиуми, Иско дефинитивно донел одлука да го напушти Реал Мадрид.
Плејмејкерот слабо добива минутажа оваа сезона кај Зинедин Зидан и тоа е клучниот фактор да донесе одлука за промена на средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За шпанскиот фудбалер постои интерес од неколку гиганти меѓу кои и Јувентус и Манчестер Сити, а се верува дека во трката за неговиот потпис ќе се вклучат уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Иско веќе донел конечна одлука и ги известил агентите, па можно е уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ доколку пристигне примамлива понуда.
Доколку Иско го напушти Реал, „кралевите“ веќе имаат спремна замена и веднаш ќе го комплетираат трансферот на Кристиан Ериксен од Тотенхем.