Дома Фудбал Родри се жали: Потребен ми е одмор

Родри се жали: Потребен ми е одмор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри јавно призна дека играчите се уморни и им е потребен одмор. 

Родри е еден од најстандардните во тимот на Гвардиола и поради големиот број на повреди во тимот Шпанецот готово секогаш е во стартниот тим.

После синоќешниот меч со Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“ Родри се пожали дека му е потребен одмор.

„Преморен сум, бројот на средби што ги играме е огромен. Да бидам искрен, чувствувам дека ми треба одмор. Знам дека ситуацијата е таква, распоредот е згуснат, ќе мораме да најдеме некакво решение“, изјави Родри.

„Знаеме колку сме силни дома. Знаевме дека што и да се случи, двомечот нема да заврши овде. Сега ни се потребни нашите навивачи“, додаде Родри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Минути во Реал нема, но Мурињо има желба за Ендрик кај Анчелоти

Ендрик добива малку простор во Мадрид, а Мурињо се надева дека напаѓачот ќе игра повеќе во…