Во текот на својата кариера како играч Робин Ван Перси два пати потпишуваше за Феенорд, денес тоа го направи и како тренер.
Легендарниот голгетер ќе го води тимот на Феенорд до 16 години, а во оваа генерација настапува неговиот син Шаквил. Исто така Холанѓанецот ќе биде дел и од стручниот штаб на Фееенорд, сепак главната задача ќе му биде работата во младинските категории.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Синот на Ван Перси, Шаквил има 14 години и важи за голем талент, се пишуваше дека веќе имал понуди од академиите на Арсенал и Манчестер Сити.
И Ван Перси својата кариера ја започна токму во Феенорд каде што пристигна на само 16 години, а една година подоцна дебитираше за првиот тим. Во периодот од 2004 до 2012 го носеше дресот на Арсенал, па следуваше изненадувачки трансфер во Манчестер Јунајтед. После Јунајтед три сезони беше дел од Фенербахче за во 2019 година да се врати во Феенорд и таму да ја заврши играчката кариера.